Секоја година, некаде на средината на април, илјадници славеи од северна Африка доаѓаат на југот на Англија, каде, кога сонцето ќе зајде, машките славеи започнуваат песна за да привлечат женка за сакање и парење.
Секоја година овој момент го слави и фолк пејачот и натурист Сем Ли кој има проект „Пеење со славеи“. Најновата сника е направена во Сасекс, на само два ипол метри од еден машки славеј кој Ли малку го охрабрувал со музички дронови и овертонови.
Славеите се одамна славни музичари кои во својот музички вокалубар имаат преку 250 различни фрази. Како што сами ќе слушнете, последниов не само што нема трема туку и стварно пее како биљбиљ.