Ако татко ти се бави си музика, природно е тој талент да се пренесе и на децата. Природно е и тие да посакат да се занимаваат со музика. Не мора тоа да е на голема врата. Може и поскромно, со гитара да свириш и пееш во некој паб во Брајтон. Природно е и таткото да посака да види и слушне како звучи ќерка му. Обична е тоа приказна, освен еден детал: таткото е Дејвид Гилмор.