Добро, не баш секој ама колку за паралела со онаа за „мислењето е како шупак - секој го има.“ Разговор со професорот од Стенфорд чие истражување прилично ги размрда карантинските политики - дека ковид инфекцијата е многу повообичаена отколку што ја мислиме. На секој човек кој здравствениот систем го знае како позитивен на коронавирус, околу него има 50 до 80 луѓе кои го имаат истиот вирус. Ако Македонија во моментов има 1.231 регистрирани, помножете со 50 или со 80.