Слушнете си ја омразата

Видео експеримент на литвански центар за човекови права ефикасно покажува како звучи онлајн омразата кога ќе се изговори гласно, пред жив човек кому му е наменета. Поучно (неоти) за сите оние бедници кои по интернетов масовно истураат кофи говна едни на други.

Расизам немаме, ама, сè друго имаме, дал Господ. Домашната онлајн багра треба некогаш на своите (деца, родители) да им даде да го прочитаат на глас простаклукот со кој се јуначат по интернет мрежите.

Мислите ќе прати некој видео од тие моменти?

19 март 2015 - 10:02