Погледнете го видеото. Нас толку не нè снеможи непримерената бројност на полицијата (на крај се собраа 14 џандари), не толку ни нивната бруталност, тоа што непотребно го тепаа со пендреци и газеа со цокули и додека беше на земја, што го влечекаа како крпа. Комплетно нè снеможи тоа што оваа безочност беше проследена со аплаузи од балконите. Аплаузи од примерните граѓани кои ги почитуваат одредбите. Е, натаму сме тргнале.
Ај се кладиме дека ако сега - за потребите на експериментот - напишеме „џабе се мачеа, требаше да го утепаат ко куче“, дека повеќе проблеми ќе имаме со Анима Мунди отколку со оние силни здруженија за човекови права?