Репортажата на Скај њуз што за малку ќе беше последна

Екипа на Скај њуз го напушта Киев и тргнува кон Буча да направи репортажа. Ништо посебно далеку, ниту пак посебно опасно по дојавите од локалните извори. На крај репортажата не се случува, а главниот успех на екипата е што сите се живи на крај од денот.

Иако во снимката повеќе пати им извикуваат на војниците дека се новинари и да не пукаат во нив, затоа што знаат дека тоа е украинска контролна точка, подоцна Украинците на екипата на Скај њуз и кажуваат дека руски саботери пукале на нив.

 

7 март 2022 - 10:42