Никогаш повеќе топло пиво

Двајца дечки ја решаваат вечната ноќна мора на пивопијците со многу прост метод. Никакви хемии и лабораториски опреми. Ако нејќете да им го купите алатчето, работа ќе заврши и бор машина.

 

Ротирање на лименката во сад со мраз го лади пивото за 60 секунди, тврдат овие двајца тесли. Ротирањето помага во трансферот на топлина и го забрзува процесот на ладење на пивото за 20 пати. И плус, лименката не експлодира.

Респект.

Зошто лименката не пука: Секоја газирана пијачка има CO2. Кога лименката се тресе, воздушните џепови се раскршуваат во безброј мали џепчиња насекаде низ течноста и затоа, кога таква ќе се отвори, течноста нема време "да им се тргне од патот" па излегува сосе нив. Кога лименката ротира, тоа не се случува и во неа останува само еден голем воздушен џеб.

18 октомври 2013 - 09:37