Неделата низ трејлери

Клинт Иствуд, плус Гандалф, плус убиството на Бин Ладен, плус продолжение на краткиот филм за интровертниот дански билдер, плус документарец за дигиталниот филм.


Trouble with the Curve

режија: Роберт Лоренз
премиера: 21-ви септември 2012.

Исто како Moneyball само комплетно спротивно. За разлика од филмот на Бред Пит, тука се зборува за стар безбол скаут, кој не верува во компјутери, програми и математики, туку во инстинкт и искуство.

 


The Hobbit: An Unexpected Journey
режија: Питер Џексон
премиера: 14-ти декември 2012.

Хобит се случува многу години пред дејстивието на Господарот на Прстените. Ова е патувањето во кое Билбо Багинс го открива прстенот. An Unexpected Journey е првиот филм од најавената Хобит трилогија.

 


Side By Side
режија: Кристофер Кинилиј
премиера: 2012.

Документарец за историјата, еволуцијата, науката на создавање, уметноста и влијанието на дигиталната кинематографија.

 


Zero Dark Thirty
режија: Кетрин Бигалоу
премиера: 19-ти декември 2012.

Од сценаристот и режисерот што го направија The Hurt Locker, сега имаме филм за акцијата за убиството на Осама Бин Ладен.

 


Teddy Bear
режија: Матс Матијансен
премиера: 26-ти јануари 2012.

Драма за 38-годишниот бодибилдер, кој никогаш немал девојка и кој се уште живее со својата мајка во едно предградие на Копенхаген. Кога неговиот вујко ќе се ожени за девојка од Тајланд, и тој решава да си ја проба среќата во Патаја.

 

11 август 2012 - 14:08