Љубиша Ристиќ брутално за Македонија

„Што ќе биде со Македонија е прашањето над сите прашања,“ тврди театарскиот режисер и контроверзен левичар Љубиша Ристиќ. Според него, сите други проблеми се локални, единственото големо европско прашање е Македонија. Чујте го, па по некој ден ќе читкаме „анализи“ како објавувањето на ова видео на Оффнет е суптилен потег на Кремљ во Македонија да се инсталираат агенти-спијачи кои уште ги контролира Мира Марковиќ. Или така нешто.

Првите 13 минути се за Македонија ама има уште триста чуда. На пример дека Бољковац и Манолиќ се руски луѓе во ХДЗ. Или дека чешката кадифена револуција е ујдурма на КГБ....

АПДЕЈТ: Пар години подоцна, Ристиќ истото го мисли за она што сега привремено го нарекуваат Северна Македонија.

31 октомври 2018 - 13:54