Миљенко Јерговиќ

Кој ги видел 80-тите години, знае што е слобода и блискост со Запад

Слободата и блискоста со Западот какви што во Југославија постоеја во 80-тите години на минатиот век остануваат недостижен идеал дури и кога се живее и работи во земја членка на ЕУ и НАТО. Според Миљенко Јерговиќ, овдешните елити знаат да започнат нови војни но не и да излезат од нив.

Народите на овие простори уживаа најголеми слободи кон крајот на 80-тите години, оценува во еден серијал на Радио Слободна Европа, загрепскиот писател Миљенко Јерговиќ.

„Тоа беше најслободниот период кој мојата генерација го памети и најслободниот период кој овие земји воопшто ќе го паметат. Тоа е период која вистински бевме најблиску до Запад. Тоа најдобро можеше да се види преку рок музиката. Денеска заостануваме и зад Источна, а не па зад Западна Европа. Наместо тоа, добивме некаков тескобен источноевропски новокомпониран капитализам, со полуразбојничка првобитна акумулација на капиталот“.

Јерговиќ смета дека на Балкнот ниедна војна сè уште не е завршена, ни онаа од 90-тите, ни Втората, па ни Првата светска војна.

„Нашите војни никогаш и не се водеа затоа што ние премногу се разликуваме, туку затоа што не се разликуваме доволно. Војните беа водени за воспоставување, за создавање поголеми разлики.“

 

5 ноември 2018 - 13:25