
Освен што долго време ја бранела криминализацијата на марихуаната (за денес да се брендира како прогресивец), адвокатот Џош Дабин вели дека најголемиот грев на Камала Харис е што жестоко оневозможувала осудени лица да имаат пристап до ДНК материјалот на основа на кој се обвинети. Зошто? За да не се отвораат повторно предмети кои таа ги укнижила како добиени па да си го намалува просекот на успешно решени случаи.
Не би да ви ја расипуваме приказната, дознајте сами зошто човек кој чека судска одлука колкава отштета ќе добие затоа што неправедно лежел 18 години затвор, откако ќе испушел цигара, го земал пикавецот и го ставал во ќесенце.