Интервју

Капирај и не копирај

30 години од издавањето на првиот албум на Дисциплина кичме, Која е малку збунет од баналноста на денешната музика. Вели: Денес и "Smoke on the water" звучи како алтернативна песна а беше нешто од што панкот побегна.

Попрво мастило отколку пиксели

Ментал флос успеа во она во што голем број други медиуми не успеваа со години - да направи интервју со Бил Вотерсон, авторот на славниот стрип „Калвин и Хобс". За интервјуа, Вотерсон е она што е Џони Штулиќ за балканските новинари.

Џинџер Бејкер, терсене

Вакво интервју може да ти приушти само накурчен старка каков што е Џинџер Бејкер, легендарниот бубњар на Cream. Со импозантна километража зад себе, со ич нерви за фолирање. Заебан и терсене, уздуж и попреку.

Хакираме човечки срца

5 дена минаа од чудната смрт на 35 годишниот хакер Џек Барнаби а се уште нема никаква официјална изјава за причините. Чудна затоа што Барнаби умре кога требаше на јавноста да и објасни како може да се хакира срцев пејсмејкер. Ова е последното интервју со него.

Динклиџ за Плејбој

Питер Динклиџ за тоа дека најважно во Игра на троновите е некој да не те прободе во око, како се живее во Њујорк кога си сиромашен и мајка му која мислела дека Брус Спрингстин не го бива.

Содерберг - Руни Мара

Руни Мара е една од најпопуларните и најталентираните млади актерки на нејзината генерација, што и донесе и номинација за Оскар за хиперинтелигентната но психолошки „оштетена" хакерка Лизбет Саландер. На прагот на неговотo пензионирање, Стивен Содерберг, кој со неа го работеше новиот психолошки трилер „Нуспојави", ѝ прави интервју преку мејл. И двајцата без влакна на јазикот.

Nick Rhоdes - Duran Duran

Благодарение на нашите френдови од Метрополис радио и нивниот МВП Петар Ѓошев, пак имаме "право на прво читање", овојпат интервју со Ник Роудс од Дуран Дуран. Инџој Инџој.

Со свои зборови

Од Вуди Ален до Жижек, сè на сè 290 уметници, мислители, писатели, режисери и останат кулурен крем, во прво лице еднина, било со звук, било со видео. Мезете.