Една од најголемите мистерии (после онаа прочуена: за што е талентиран Мирко Попов?) гласи: како да се заузда лакомоста на македонски турист кој уплатил "ол инклузив" аранжман? Има одговор. За второво.
Кралот Леонидас беше спремен да жртвува 300 Спартанци на Термопилите. Ако сакате да ја задржите килажата после диета, ќе морате да бидете спремни да жртвувате 300 калории. Секој ден, до крајот на животот.
Нутела ќе треба да исплати оштета на цел САД, затоа што некои Американци премногу сериозно го сфатиле нивниот слоган - дел од вкусен и балансиран појадок.
Ужаснати од проекциите дека до 2030 година речиси половина нација ќе влезе во категоријата дебели, британските лекари ја обвинија владата за млитава политика за справување со овој проблем и побараа неколку радикални решенија.
Дански научник нуди прекрасна теорија за смирување на совеста за нашата килажа. Ни брза храна ни чмаење пред ТВ/ компјутер - стануваме дебели од воздухот што го дишеме.