По завршување на студиите на Станфорд, Систром работи во маркетинг одделот на Некстстоп, компанија што Фејсбук ја купи во 2010-та.
Раскажувајќи за генезата на Инстаграм, тој објаснува дека додека работел во маркетинг му дошла идеја да го спои Форсквер со некои од елементите на Мафиа Ворс.
Немајќи познавања од програмирање тој почнал навечер да учи ХТМЛ5, а за време на викенди работел на софтверскиот проект.
"Додека работев маркетинг сè повеќе и повеќе почнав да програмирам едноставни идеи, кои пак ми помагаа да научам подобро да програмирам," објаснува Систром.
Инаку, од оваа идеја подоцна произлегла апликацијата Burbn, која нудела на корисниците да се пријавуваат на локации, да најавуваат следни локации каде би биле, да заработуваат поени за дружење со пријатели и да објавуваат слики.
Сметајќи дека апликацијата нуди премногу опции, тој и неговиот партнер решаваат да ги отстранат сите функционалности од Burbn и да ја задржат само можноста за објавување и споделување слики.
Новата апликација ја именуваат Инстаграм, 18 месеци подоцна Фејсбук ја купува компанијата за 1 милијарда долари, а човекот од маркетинг одделот на NextStop, на 28-годишна возраст заработува 400 милиони долари.
По неодамнешната аквизиција и фактот што Инстаграм до сега неколку пати одби да му се продаде на Фејсбук се појави видеово (исечок од Ѕвездени патеки) под наслов - Бизнис планот на Инстаграм: