iPad 1 е:
- голем колку списание
- малку тежок
- добар за читање, ама не толку добар како Киндл
- добар за игрици
- погоден за видеа
- добра работа за на пат, ако имаш добра мобилна тарифа
- најмалку 500 долари
iPad 1 не е:
- многу добар за креирање содржина
- неопходен
27-ми јануари 2010-та и ова е позицијата на iPad. Или ќе го купиш или нема. Веројатно нема. Но ако го купиш најверојатно нема да зажалиш. Почнуваш да разбираш по нешто за таблетот како уред.
2-ри март 2011-та, Стив Џобс само што ја напушти сцената каде што го објави iPad 2. Изгледа интересно, многу наликува на неговиот претходник, но сега има и камери. Се уште не си сигурен дали треба да го купиш. За момент ја разгледуваш неговата позиција.
iPad 2 е:
- голем колку списание
- малку тежок
- одличен уред за сурфање
- добар за читање, ама малку потежок на очите отколку Киндл
- добар за игрици
- погоден за видеа
- добра работа за на пат, ако имаш добра мобилна тарифа
- одличен уред за видео разговори
- најмалку 500 долари
iPad 2 не е:
- многу добар за креирање содржина
- неопходен
2-ри март 2011-та и ова е позицијата на iPad 2. Или ќе го купиш или нема. Веројатно нема. Но ако го купиш најверојатно нема да зажалиш. Почнуваш да разбираш по нешто за таблетот како уред.
7-ми март 2012-та, и Тим Кук само што ја напушти сцената каде што го објави следниот iPad. Изгледа интересно - многу наликува на претходните два, само што има поголем екран и побрз безжичен интернет. Се уште не си сигурен дали треба да го купиш. За момент ја разгледуваш неговата позиција.
Новиот iPad е:
- голем колку списание
- малку тежок
- одличен уред за сурфање
- добар за читање, ама не како Киндл
- добар за игрици
- погоден за видеа
- добра работа за на пат, ако имаш добра мобилна тарифа
- одличен уред за видео разговори
- најмалку 500 долари
Новиот iPad не е:
- многу добар за креирање содржина
- неопходен
7-ми март 2011-та и ова е позицијата на новиот iPad. Или ќе го купиш или нема. Веројатно нема. Но, ако го купиш најверојатно нема да зажалиш. Почнуваш да разбираш по нешто за таблетот како уред.
iPad-от може да се менува секоја година, но, неговата позиција останува иста. Ако не ти требал претходно, веројатно нема ни сега да ти треба.
Новините на таблетот не се направени за да ја променат неговата позиција, тие се направени за да го одржуваат пред конкуренцијата.
Ова не значи дека следниот iPad нема да успее. Вториот беше поуспешен од првиот, а третиот ќе биде поуспешен и од двата. Новиот iPad ќе успее не затоа што нуди нешто фундаментално подобро и поразлично од неговите претходници, туку затоа што ја држи својата позиција подолго, доволно долго за милиони луѓе да дојдат 'на негово'.