Разговорите преку фиксен одамна изумираат но сега за првпат се случува да се намали и вкупниот обем на разговори преку мобилен телефон.
Едноставно, на луѓето изгледа им е покомфорно да напишат СМС отколку да минуваат низ сите глупи процедури на телефонски јавувања (кај си бе, шо има ново, имаш ли 2 минути, имаш а, е па имам еден муабет со тебе ама не е за по телефон...).
Британците сега пишуваат по 200 смс-и месечно. Во 2006-та пишувале по 70.
Едно истражување покажало дека 60 проценти од луѓето секојдневно им пишуваат пораки на блиските. Само 49 проценти велат дека имаат редовна комуникација со блиските во живо.
Зголемиот број на испратени пораки и меилови се должи на популарноста на паметните телефони. Нив сега ги имаат четворица од десетмина мобилни Британци. За една година бројот на смартфони пораснал за 12 посто.