Дента по испораката кога сопственикот се враќа дома открива дека најголемиот дел од работите во куќата не му работат, пример светлата, бидејќи целосно бил блокиран неговиот Амазон ехо уред на кој биле врзани и преку кој се контролираат најголем дел од системите.
По некое време контактирање со корисничка поддршка на Амазон, човекот на телефон разговара со повисок менаџер во компанијата кој со „до некаде обвинувачки тон“ му објаснува дека нивен возач пријавил дека „добил расистички забелешки“ од системот за надзор.
Сопственикот во своја одбрана објаснува дека живее во доминантно црнечка населба и дека и тој самиот е црнец па е малку веројатно дека од неговиот систем може да излезе такво нешто. Плус, дента никој немало дома.
Опишувајќи го целиот настан во блог-пост, Брендон Џексон, објаснува дека ја прегледал снимката и на нејзе се слуша дека пораката што ја пушта системот е „Извинете, дали можам да ви помогнам?“ На видеото се гледало дека возачот за цело време носи слушалки „па е можно нешто погрешно да разбрал.“
Смарт системите во домот на Џексон останале исклучени цела недела додека Амазон спроведувал внатрешна истрага, и за тоа време тој не можел да користи ништо од нив иако ги купил и се негова сопственост. Откако завршила истрагата, Амазон го враќа во функција целиот систем без никакво известување до Џексон.