Несреќата се случила во понеделникот околу 14 часот, во Васач каунти во Јута, а според локалниот шериф, Блок возел по стрмна падина кога моторната санка се превртела и го поклопила.
55-годишниот Блок бил прогласен за мртов на местото на несреќата.
Кен Блок ја почнува рели кариерата во 2005, кога ја добива и титулата Почетник на годината во Рели Америка шампионатот. Тој се натпреварува во Светскиот рели шампионат а освојува и неколку медали во реликрос на Икс-гејмс.
Тој е ко-основач на компанијата ДиСи шуз, и е главниот лик во видео серијалот Џимкана, во кој прави незапаметени вратоломии со коли.
Последната Џимкана беше 10-ката од 2018 и таа изгледаше вака:
Последната епизода на Блок објавена во 2022, беше Електрихана, во која низ Лас Вегас возеше Ауди С1 Хунитрон: