За сега барањето доаѓа од заменик министерот за надворешни работи на Полска, кој во Берлин порача дека Германија има уште за плаќање по основа злостори и уништување во војната. Завршната сметка е на Шимон Шинковски, и според неа парите што Полска ги добила од Германија покриваат само 1% од уништувањето и загубите што земјата ги има претрпено за време на Втората светска војна.
На почетокот од 1990-те, Германија и исплати на Полска околу 1,3 милијарди евра, и тоа како последна транша или каков бил надомест за сè што Варшава верува дека им било згрешено и уништено во војната.
Освен овие пари, Германија инсистира дека постојат серија на пост-воени договори со кои Варшава се има откажано од какво било барање за надомест.
Иако дури ни германски политичари не спорат дека Германија му има платено малку пари на својот сосед, тие потсетуваат дека земјата се има откажано од териториите кои Полска ги анектира по Втората светска војна, а кои претходно со векови биле под германска контрола.
Моментално Полска и Германија се спукани по повеќе основи од владеење на право до прием на мигранти, кои Германија гледа преку своето влијание во Брисел да ги истера во своја корист.
Во март, полски пратеник задолжен за спроведување истрага околу воените репарации, објави дека Германија и должи на Полска уште 690 милијарди евра.
Следната година се одбележуваат 75 години од Варшавското востание, во кое Полјаците се обидуваат да се ослободат до германската окупација. Германските сили успеваат да го задушат востанието и притоа убиваат околу 200.000 полски цивили.