По неколку денови борби како дел од офанзивата на Херсон вчера руската војска влезе во Мелитопол. Градоначалникот објави дека градот е освоен, меѓутоа локалците излегоа на улица за да го блокираат конвојот на руската војска.
Украинците го блокираа и пристапот на градот Енергодар, каде се наоѓа најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорошка, уште пред Русите да влезат во градот. Луѓето на барикадите главно се инженери од градот и централата, додека самата нуклеарна централа е чувана од украинските специјални сили.
Во Бердјанск Украинците протестираат пред зградата на локалните власти чувана од руските сили.
И во Купјанск руските сили требаше да ја растеруваат насобраната толпа.
Украински цивили застанаа и пред руската колона во Черниговската област.
Тоа што блокадите главно не вродуваат со плод, ни малку не ја намалува симболиката на истите и значењето што го имаат во војната, како за едната така и за другата страна.
Едно од повпечатливите видеа од деновиве е со украински возач и екипажот од руски тенк застанат на автопат бидејќи останал без бензин.
- Снемавме бензин.
- Сакате да ве однесам... назад во Русија?