Единствено нешто кое водачот на милицијата, Џон Рицхајмер, повеќе го мрази од сојузната влада се сите сексуални помагала кои му имаат пристигнато.
Со негови зборови:
"Тажно е што има луѓе кои би потрошиле толку пари на ова, наместо да ги потрошат на правење добро во светот. Јас повеќе нема да живеам во страв од угнетувачите. Ќе ја одржам мојата заклетва пред Уставот и навечер одлично ќе спијам знаејќи дека направив се што во моја моќ за да осигурам дека не е изгубено она што го направија основачите на нашата држава."
Тој посебно има проблем со огромното дилдо и "кесата курови" бонбони што му се испратени. Видеото Рицхајмер го завршува триумфално туркајќи ја на патос целата хејтерска пошта што му пристигнала, по што ги кани сите симпатизери да му се приклучат.
Повеќе за милицијата тука. Текст од Гардијан кој забележува дека ако истата оваа милиција беше составена од американски муслимани или американски црнци, уште по два дена од окупацијата ќе беа прегазени и убиени, тука.