Полицијата во резултатите од истрагата за прв пат ги соопшти околностите во кои умрел Мидлтон, а одлуката ова да се прогласи за самоубиство останува и покрај тоа што нема ниту еден траг од оружјето со кое тој е застрелан.
Телото на 59-годишниот Мидлтон беше најдено на неговиот ранч во Арканзас. Неговото семејство побара да не се објавува полицискиот извештај од страв дека сликите од местото на смртта ќе бидат раширени на интернет, по што судија одлучи дека информациите од извештајот можат да бидат објавени ама не и фотографиите.
Починатиот е откриен од вработени на ранчот кои повикуваат и полиција, која во возилото наоѓа муниција но не и оружје.
Мидлтон е специјален советник на Бил Клинтон во 1990-те, кој го внесува Џефри Епстеин во Белата куќа 7 од вкупно 17 пати кога починатиот педофил бил во посета. Мидлтон, како и неговиот шеф, исто така лета со приватниот авион на Епстин.
Семејството на починатиот советник за полицијата изјавило дека тој страдал од депресија.