Каузата не смее да пати

Си-би-ес не ја заборави вистинската војна во Украина

Во војната што се води во држава со 45 милиони луѓе Си-би-ес не заборави да спомене дека има луѓе кои веќе со години водат војна во Украина. Про-Русите од Донбас? Не. Припадниците на Азов? Не. Работници, инвалиди, стечајци, самохрани мајки? Не. Транссексуалци? Да.

Си-би-ес ја пренесува приказната на Зи Фамелу, транссексуална жена, која од Крим пребегнува во Киев. И пред војната таа има проблем со напади од околината, но сега според нејзе работите се толку влошени што таа цела недела руска инвазија не може да излезе од дома за да купи храна заради страв дека локалците во овие услови ќе бидат уште поагресивни кон неа.

„Многу луѓе имаат оружје... тоа може да биде изговор за насилство. Ова е многу страшна ситуација,“ објаснува Фамелу.

Друга спорна работа за Фамелу е дали воопшто ќе може да избега од Украина, бидејќи Киев забрани мажи да ја напуштаат државата, а „нејзиниот пасош не содејствува со нејзиниот пол.“

Си-би-ес одвојува време да направи и ретроспектива на правата на транссексуалците во Украина низ годините, редејќи ги сите процедури што државата ги предвидувала за лицата кои сакаат да го сменат својот пол.

Запрашана зошто со време не ја истерала процедурата за промена на полот во документите, Фамелу изјавила дека не сакала да минува низ сето тоа (вклучително и психијатриска проценка) бидејќи „тоа е премногу понижувачко за мене, па јас решив да го задржам мојот пасош и да останам машко во пасошот, и сега не може да ја напуштам државата.“

„Ова е војна во војна,“ изјавила Фамелу.

На останатите припадници од украинската ЛГБТ популација уште им е поголем стравот од тоа дека ако Русија ја окупира земјата работите само ќе им се влошат.

2 март 2022 - 10:12