Падот на Џонсон неофицијално почнува на 5 јули кога тој во телевизиско интервју признава дека е грешка што го назначил Крис Пинчер во својот кабинет и покрај тоа што бил свесен за овиненијата за сексуално малтретирање против него.
Првично британската Влада отфрла дека Џонсон знаел за обвинениајта против Пинчер дека на пијано има сексуално нападнато двајца мажи.
Подоцна Џонсон признава дека бил свесен за обвинувањата, но и покрај нив го ангажира Пинчер во својата влада, што започна лавина на прашања зошто премиерот лаже.
Како што го дава признанието на телевизија, така медиумите почнуваат да ги редат имињата на британските министри и функционери што си поднесуваат оставка.
Борис Џонсон моментално чека неговата партија да му избере наследник и замена.