Мат Бисонет, авторот на "No Easy Day," која треба да излезе за една недела, во својата верзија на настаните пишува дека немало некоја поголема битка меѓу членовите на Тим 6 и обезбедувањето на Осама, а и самиот Бин Ладен немал шанса да им се спротивстави на војниците или воопшто да ги види пред тие да го убијат.
Тој бил застрелан во ходникот пред неговата спална "и потоа исчезнал во темната соба." Кога влегле во спалната, тој веќе умрел од раните во главата. Авторот тврди дека тогаш тој и уште еден член на тимот, го застрелале Осама во градите за да се осигураат дека е мртов.
Во книгата пишува дека иако во спалната на Бин Ладен биле најдени две оружја, ниту едно од нив не било наполнето и тој воопшто немал шанса да се одбрани. Бисонет во книгата го нарекува Осама "пичка" затоа што не бил подготвен да се одбрани или да се убие себе си.
Иако Осама бил убиен без да дава никаков отпор, авторот објаснува дека претходно му било нагласено дека целта на мисијата не е да се убие Бин Ладен, и дека ако е можно тој да се зароби жив.
Бисонет го критикува и Обама, порачувајќи дека ниту еден член на тимот 6 не бил фан на претседателот, и дека тие верувале дека Обама и другите лидери ќе ја пренагласат својата улога во целата приказна. Дури и пред да почне акцијата, тимот се шегувал дека ќе му помогнат на Обама да добие втор мандат, и за тоа кој ќе ги глуми во холивудски филм.
И покрај личното мислење за Обама, тимот се сложил дека тој донел правилна одлука "Иако ја поздравуваме донесената одлука во овој случај, никој не се сомнева дека тој ќе го преземе и целиот политички кредит за ова."
Тие исто така се пожалиле дека по средбата во белата куќа со Обама и потпретседателот Бајден ("кој ми личи на нечиј пијан чичко на Божиќната вечера"), претседателот ги поканил и друг па да дојдат на пиво, ама никогаш не им се јавил.