Германскиот економист и член на Партијата на зелените, Себастиан Шафер, неодамна заедно со германскиот министер за одбрана патува во Литванија, каде открива дека поправките на Леопард 2 тенковите се одвиваат пребавно.
Тој алармира дека само мал број од германските тенкови уште се во служба и дека има „итна потреба од акција“ за подобро снабдување со резервни делови.
Според Шафер дел од тенковите се онеспособени од самите Украинци додека се обидувале да ги поправат заради што бара да се прави подобра обука на украинските механичари.
Шафер е еден од главните германски политичари во носењето на одбранбениот буџет и е член на парламентарниот комитет за буџет и на комитетот за финансии.
Како што се сменија воената стратегија и временските услови на фронтот, Украина периодов почна да ги користи Леопард 2 тенковите во дефанзивна намена како артилерија со голем домет.