Нехамер за Дер Стандард изјавил дека на самитот кој се одржа заради руската инвазија на Украина, ЕУ армијата воопшто не била ни на агенда, а ЕУ членките кои претежно биле без намера да ја зголемат својата воена потрошувачка сега рапидно почнале да инвестираат во вооружените сили.
Самата Австрија планира за два пати да ја зголеми потрошувачката на одбрана, а Германија подготвува дополнителни 100 милијарди евра врз постојниот годишен воен буџет од 50 милијарди евра.
„Тоа што нема да се случи е ЕУ армија. Во моментов нема амбиција за тоа, никаде.
Зошто? Затоа што до сега не е создадена целосна политичка волја која би довела распоредување на ЕУ армија,“ изјавил Нехамер.
На страна опцијата за армија, Нехамер порачал дека и понатаму има „силна посветеност“ кон членот од ЕУ спогодбата, кој предвидува дека ЕУ членките мора да си помагаат една на друга во случај на инвазија.
„Ако некоја НАТО држава е нападната на неа ќе и биде помогнато од НАТО. Меѓутоа направено е дополнување, кое е и во Версајската декларација, дека членот 42(7) исто така се однесува и не членките на ЕУ.
Оние ЕУ членки кои не се членки на НАТО ќе имаат корист од ова. Ова се однесува на Малта, Ирска, Кипар и Австрија, но исто така и на Финска и Шведска,“ порачал австрискиот канцелар.