26-годишната Скарлет Блејк доби доживотна казна затвор за убиството на Хорхе Мартин Карено. На судењето се дознава дека Блејк вечерта на убиство со план излегла од дома и го примамила Карено, со цел да го убие.
Судијата ја опишува Блејк како човек со „опсесија на наштетување и смрт,“ а убиството е „кулминација на план“ што Блејк со месеци го крои.
Неколку месеци пред да го убие Карено, Блејк своите нагони ги истура на една улична мачка, која ја измачува, ја убива и ја става во блендер, а сето тоа прописно го снима на видео.
Проблем со објавувањето на веста за казната и делата на Блејк, инаку биолошки маж кој се идентификува како жена, има ЏК Ролинг:
Објаснувањето што го има британски Телеграф е дека судот има насоки да го почитува родовиот идентитет на лицата кои се појавуваат пред него, заради тоа и Блејк кој се идентификува како жена го ословува така.
Насоките доаѓаат од британската Академија за судии, која беше критикувана од експерти и парламентарци дека нивните одлуки околу именувањето на лицата се опасни и треба да бидат ревидирани.
Во иста линија со критиката од Ролинг, и критичарите предупредуваат дека насоките од Академијата „можат да доведат до изветоперување на јавната претстава и статистики за кривичните дела на жените.“