На британската армија ќе и снема муниција после 10 дена војна

Во случај да избие војна Британците ќе можат на непријателот да му парираат 10 дена со муниција, тврди во сведочењето пред британскиот Парламент поранешен висок функционер на тамошното министерство за одбрана.

Поранешниот министер за вооружените сили на Британија и пратеник во Парламентот, Џон Спелар, во реплика до министерот за одбрана објаснува:

„(Министерот) знае дека воена вежба што ја одржавме со Американците покажа дека британската армија ќе остане без муниција за само 10 дена.“

Одговорот на Џејмс Хипеј, функционерот надлежен за вооружените сили на земјата, е дека на вежбата што ја споменува Спелар, американските команданти дале највисоки пофалби за британската војска.

Во Британија периодов се врши сериозен притисок Владата повеќе да се посвети на трошење на одбрана, наместо на намалување на трошоците, заради опасноста од судир со Русија.

 

 

27 март 2024 - 13:04