Во видео што го објави кај себе на Фејсбук, Ворнер држи отпечатена верзија на веста под наслов "ФИФА очајнички објави летен Мундијал САД 2015-та." Над насловот, подеднакво јасно отпечатено е логото на Онион.
"И после гледам дека ФИФА трескавично објавила, 2015-та, оваа година Мундијал, кој почнува на 27-ми мај. Ако ФИФА е толку лоша, зошто тогаш САД сака да го одржи Мундијалот на ФИФА," прашува Ворнер во видеото додека го држи листот.
Ворнер, кого го чека екстрадиција од родниот Тринидад и Тобаго по апсењето за корупција, продолжува да зборува за летниот Мундијал 2015-та, дополнувајќи дека ова е "од истата организација што тие ја обвинуваат дека е корумпирана, ова по мене мора да се двојни стандарди."