Исланд ја легализираше бласфемијата

По иницијатива на Пиратската партија, исландскиот парламент гласаше за промена на закон според кој секој којшто „исмева или навредува догми или припадност на законски призната религиска заедница" може да биде казнет или парично или со три месеци затвор.

Законот постои од 1940, но по настаните поврзани со Шарли Ебдо, Пиратската партија на Исланд почна иницијатива за негова промена. На последната седница на Парламентот, секој од членовите на малата партија излегол на говорницата со само една реченица - „Јас сум Шарли Ебдо".

По успешното гласање, како и по добиената поддршка од поголем број политички, верски и јавни личности, Партијата на пиратите излезе со соопштение во кое се вели дека „исландскиот парламент испратил значајна порака дека слободата нема да ја ведне главата пред крвавите напади".

Партијата на пиратите е најмалата во Алтинг-от (исландскиот парламент), кој се состои од 63 пратеници. Нејзиниот водач Хелги Храфн Гунарсон неодамна имаше „перформанс" во парламентот, кога ја спореди работата на владата со „финалната сцена од Игра на троновите - "единственото нешто што го знаете за сигурно е дека ќе се случи нешто страшно", за потоа да рапува на исландска рок песна, која завршува со стиховите „Доста ми е од овој хаос, да преминеме на ново ниво".

Зошто Пиратска партија:

3 јули 2015 - 18:33