Иран го прекина збогатувањето на ураниум

Одлуката се смета за знак на добра волја на властите пред почетокот на преговорите со САД во врска со нуклеарната програма, кои треба да започнат следната недела.

Информацијата ја објави членот на иранскиот парламент задолжен за национална безбедност и меѓународна политика, Хусеин Асфари, кој порачал дека се надева дека ова ќе доведе и до кревање на санкциите против Иран, во знак на добра волја за нивниот потег.

Одлуката доаѓа кратко откако економијата на земјата речиси тотално колабираше по 400-процентниот пад на вредноста на државната валута.

Според Меѓународната агенција за енергија, Иран има околу 90 кг. ураниум со 20-процентна чистота. Процените на експертите се дека се потребни меѓу 200 и 250 килограми за една нуклеарна ракета.

4 ноември 2012 - 08:24