Бројките се на Вашингтон пост, и во бројка се вклучени само загинати ученици (од сите возрасти), без воопшто да се пресметуваат не-учениците (пример, загинати професори и останат кадар).
Најголем придонес кон ова имаше масовното убиство во Паркленд од 14 февруари, во кое загинаа 17 лица од кои 14 беа ученици.
Ова е комплетно нов развој на настантие имајќи ја предвид 2017, кога бројот на жртви меѓу американските војници беше повеќекратно поголем од бројот на жртви во училишните пукања во САД.
Откако Вашингтон пост ја објавува веста, неколку извори им забележуваат дека бројките што ги нуди Пентагон не се точни бидејќи не ги опфаќаат податоците од сите родови на војската. Откако ја апдејтуваат својата статистика, повторно излегува дека бројот на жртви во училишните пукања е поголем отколку бројот на жртви меѓу активните американски војници.