Минатиот месец група активисти за заштита на човековите права поднесуваат барање пред судот за ослободување на Сандра, 29-годишна орангутанка родена во Германија која целиот живот го минува во заробеништво во Буенос Аирес. По одлуката за ослободување, зоолошката има рок од 10 дена за да поднесе жалба.
Судот Сандра ја признава како "не-човечка персона" која има одредени човечки права. Доколку се заврши како што треба Сандра ќе биде ослободена во едно засолниште за мајмуни во Бразил.
Аргументот на адвокатите е дека исто како и човек, мајмунката била способна за одржување на емоционални врски и има капацитет да резонира, додека истовремено чувствувала фрустрација во нејзиниот кафез. Правниот тим тврдел и дека таа може да носи одлуки, дека е свесна за самата себе и има претстава за време. Заради сето ова, присуството на Сандра во Зоолошката тие го сметаат за нелегално лишување од слобода.
Стручно основата по која се бара ослободување на Сандра е хабеас корпус, еден од фундаменталните термини во правото воведен во 14-от век, со кој од тогашната монархија се барало да даде причина за ограничување на слободата на некој субјект.