Наводно за ова бил информиран поранешниот прв човек на британските специјални сили генерал Марк Карлтон-Смит, кој информацијата не ја препратил до кралската воена полиција, дури и откако воената полиција започнала со истрага околу одредот на смртта од САС (Special Air Service).
Убиствата се случуваат во провинцијата Хелманд во 2010/11, а припадници на САС за Би-би-си потврдиле дека сведочеле како специјалци од САД убиваат невооружени луѓе за време на ноќни рации.
Истите раскажуваат и за ситуации во кои специјалците намерно оставале Калашникови до мртвите тела, за да го оправдаат убиството на невооружени луѓе.
„Неколку луѓе кои служеле со специјалните сили изјавиле дека ескадрони на САС се натпреварувале меѓу себе за тоа кој ќе има најмногу убиства, и дека ескадронот што го истражува Би-би-си се обидувал да има убиено повеќе луѓе отколку единицата што била пред нив,“ пишува Би-би-си.
Речиси сите убиства на невооружени луѓе се оправдани со исто сценарио, припадник на САС влегува со заробен Авганистанец во некоја просторија, каде овој наводно се подава да земе оружје, по што британскиот специјалец го застрелува на лице место.