Новиот рекордер има 16 години и пред својот подвиг се занимава со боречки вештини, конкретно теквондо.
До тука и рушењето на рекордот му се јасни на Клиз, она што не му е јасно е зошто тоа го направил:
"Гледам дена босанскиот теквондо шампион Керим Ахметспахиќ само што постави нов рекорд во кршење блокови со глава.
Прашање: Зошто?"
По ова Клиз на Твитер е преплавен со секакви одговори и фори кои се сведуваат на – па Босанец е. Сепак на крај 12-те поени пак завршија кај Клиз, кој сам си одговори:
"Грешка сте. Тоа е затоа што му е убаво кога конечно ќе престане."
Рушењето на рекордот во Високо: