Уште од јануари, еден од најбогатите гуруа во Индија е во фрижидер. Обичен, купечки, во кој го чуваат следбениците на неговата социо-духовно-културна и непрофитна а меѓунадародна секта. Тие се убедени дека Шри Ашутош Махараџ се наоѓа во блажена состојба на саманди, централниот принцип на традиционалната јога во кој човек станува едно со универзумот. Се постигнува кога врвно посветениот јогин ќе успее целата своја прана (енергетски текови), низ рбетот да ги насочи кон главата, по што се постигнува состојба "ко да си мртов".
Истото само без она "ко да си" го мислат и група медицински лица кои гуруто го ставија на ЕКГ уште во февруари кога констатираа дека нема никакви срцеви отчукувања, никаква активност на белите дробови а зениците му се неприродно раширени и фиксирани што по нивното скромно медицинско познавање сугерира дека човекот е мртов.
Чуварите на ладното тело кое медитира на нивниот веб сајт објавија дека нивниот духовен водач упаднал во состојба на саманди на 29-ти јануари а дека тие решиле да го стават во фрижидер на трети февруари откако забeлежале промени на неговата кожа. Станувала зеленкаста.
Со верзијата на докторите се согласуваат и синот и сопругата на замрзнатиот гуру кои тврдат дека следбениците го држат во фриз за да можат да манипулираат со имотот и парите на сектата, проценети на 170 милиони долари.
Токму тие побараа од судот конечно да ја пресече дилемата за да може нивниот татко и сопруг да биде блажено одмрзнат и погребан ко човек.