Публицис Worldwide го откри новото лого дизајнирано во чест на основачот Марсел Блустен-Бланше

Публицис Worldwide го лансираше дизајнот на новото лого во чест на оригиналното лого на Публицис кое го креираше основачот Марсел Блустен-Бланше во 1926 година. Новиот идентитет е во Арт-деко стилот на оригиналното лого поставено на вратата од првата канцеларија на Блустен-Бланше, но содржи и модерни карактеритики како симетрија и едноставност, задржувајќи го лавот како икона на Публицис Worldwide.

Ова е исчекор во обновување на постоечки дизајн со кој ќе се направи разлика помеѓу брендовите и Публицис групацијата, предводена од страна на Претседателот и извршен директор Морис Леви.

Коментирајќи го новото лого, Артур Садун, Глобален извршен директор на Публицис Worldwide, вели: "На многу начини, новиот дизајн ја одразува нашата Публицис ДНК и она што го имаме за цел со секој клиент со кој работиме. А тоа е да ги предводиме промените... Нашата цел беше да создадеме оригинален и безвремен дизајн. "

Новото лого е замислено и развиено од страна на Публицис Северна Америка и ќе влезе во употреба во текот на следниот месец.

Публицис Групацијата e една од најголемите светски комуникациски групации, присутна во 196 града во 104 земји во светот, броејќи околу 42.000 вработени.

Во Македонија оваа групација е основана во октомври 1996 година започнувајќи ја својата работа со 10-ина вработени, за денес да има повеќе од 40 постојано вработени и голем број надворешни соработници. Ова е единствена агенција во Македонија, која е филијала на големиот светски адвертајзинг бренд – Публицис, за разлика од сите останатите агенции кои се само лиценцно поврзани со рекламните групации.

********
Публицис Групацијата во Македонија е дел од меѓународната комуникациска мрежа Publicis Groupe, трета по големина маркетинг комуникациска мрежа во светот. Во Македонија Публицис Групацијата е застапена со неколку свои агенции: Publicis и Saatchi & Saatchi, како и медиумската агенција ZenithOptimedia. Овие групациски агенции на своите клиенти им овозможуваат комплетни маркетинг услуги од доменот на истражување, стратегиско планирање, бренд консалтинг, развивање на креативни концепти, дизајн, продукција, дигитални комуникации, односи со јавност, организација на настани, медиумско планирање и закуп.

(комерцијален текст)

18 јуни 2015 - 15:07