
Меѓу потписниците се наоѓаат и авторитети како Стивен Фрај, Салман Ружди, Том Стопард, Џулиан Барнс и други кои бараат измени на 170 години старите закони за клевета со кои лесно се замолчуваат научници, новинари, активисти и писатели.
Процедурата за измените трае цели три години но речиси е политички мртва откако целата дебата се префли на партиски терен по откривањето на аферата со News of the World на Руперт Мурдок и новинарското прислушување телефони.
Во отвореното писмо авторите сметаат дека е е непримерено реформата да застане заради актуелната политичка клима а законите кои не се битно изменети од 1843-та година претставуваат срам за земјата.
Според предложените измени, тужителот би морал да докаже дека претрпел сериозна штета пред да тужи некого а би се штителе и оние кои се впуштаат во академски и научни дебати ли или пак објавуваат информации од јавен интерес.
Актуелните прописи на оваа тема, на оној што тужи речиси му гарантираат победа на суд.