"Сатирата не треба да има никакви импликации" е една од главните тези на докторскиот труд на Мартин Соненборн од 1994-та година. 20 години подоцна, авторот може со задоволство да ја признае својата грешка откако неговата сатирична партија освои 0.62 проценти од германските гласови, доволни за да се држат две места во Европскиот парламент.
А прекрасни се. Се викаат "Партијата" (Die Partei), обожаваат да глумат грандиозност како нацистите или старата комуњарска партија од Источна Германија. Официјалното име им е многу подолго и во него се спомнуваат и правата на животни и промоцијата на елитите.
Соненборн има титула GröVaZ (акроним за "најголемиот лидер на сите времиња) а еден од слоганите им гласи: "Партијата секогаш е во право".
Формирани се во 2004-та со идеја за воена агресија врз Лихтенштајн и барање за обнова на Берлинскиот ѕид. Сакаат да се укине летно-зимското сметање на времето но секоја есен часовникот сепак да се враќа еден час назад, за да им се даде на Германците фора да се наспијат. Бараат и враќање на идиотската ЕУ регулатива за закривеноста на краставиците (укината во 2009-та), но овојпат таа да се однесува на оружјето: секои 10 сантиметри цевка да содржи барем 2 сантима кривина.
Германската политичка сцена останува поделена на двата големи партиски блокови, Демохристијаните на Меркел и Социјадемократите. Лути ривали, но, во моменти на искреност, членови на партијата признаваат дека не можат да видат некоја разлика меѓи себе и политичките противници.
Во тој жлеб на истоветност (и стилска и идеолошка) влегуваат сатиричаите на Соненборн кои велат:
"Ние водиме турбо политика така што не одиме во никаков правец ама тоа го правиме со поголема брзина".
Има ли по наше од ова?