Кашлицата и бршленот

Кашлицата е еден од најчестите симптоми на респираторни заболувања кај децата. Освен со зачестеност, акутните респираторни заболувања се карактеризираат со времетраење подолго од 10-14 денови. Кашлицата може да биде сува или влажна (продуктивна). При сувата кашлица недостасува секрет, додека влажната кашлица е придружена со зголемен секрет, најчeсто составен од слуз, а во понапреднатите фази на болеста - гној.

Инфекциите на дишните патишта се најчестите болести кај децата. Статистиката покажува дека децата кои посетуваат детски градинки страдаат од акутни респираторни заболувања средно 8 пати во тек на првата година, 5-6 во тек на втората и 3-4 во тек на третата.

Во тек на респираторна инфекција детето може да кашла во продолжение на неколку недели, особено ако има една инфекција па друга.

Зачестеноста на болеста кај децата кои заболуваат од акутни респираторни инфекции во тек на годината е следнава: на возраст до 1 година - 4 и повеќе пати; на возраст од 1-3 години - 6 и повеќе пати; на возраст од 3 до 5 години - 5 и повеќе пати; на возраст над 5 години - 4 и повеќе пати.

Според времетраењето на симптомите разликуваме: акутна кашлица - трае до 3 недели. Вообичаено започнува ненадејно и често се должи на настинка, грип или инфекција на синусите. Субакутната кашлица трае од 3 до 8 недели, а хроничната кашлица трае и повеќе од 8 недели.

Проспан е еден од производите со кои брзо се влијае врз симптомот кашлица. Тоа е германски природен лек со долгогодишна традиција. Создаден во 1950 година за лекување на кашлица и бронхит, овој продукт и до денешен ден им помага во лекување како на малите, така и на големите.

Проспан делува на 4 начини: го втечнува густиот секрет, го потпомага искашлувањето, ја смирува кашлицата и делува противвоспалително. Тој е еден од најдетално проучените лекови од својата група и со најголем број испитувања за безбедност и ефикасност. Клиничките податоци опфаќаат 55000 деца, од кои 7180 на возраст од 0-1 година. Кај нив ефикасноста и безбедноста се оценети како многу добри односно одлични и токму тоа го прави нај препорачуван и нај претпочитан од страна на лекарите, фармацевтите и родителите во преку 93 држави од светот.

Проспан може да се применува во случаи на акутни и хронични заболувања. Комбинацијата на 4 дејства го потпомага и олеснува втечнувањето на густиот секрет, делува бронхоспазмолитично и значително ги ублажува нападите на кашлица. Најновите податоци укажуваат и присуство на нагласено противвоспалително дејство.

Веќе 13 години производот е присутен на македонскиот пазар, а комбинацијата на квалитет, ефикасност и безбедност го прават лек на избор во борбата со кашлицата.

(комерцијален текст)

19 јуни 2015 - 16:05