Вакво нешто на своите гости им понуди Ибис хотелот, кој во собите постави робот, што ги следи гостите како цела вечер се вртат и се превртуваат во кревет додека спијат, и овие движења ги претвора во слики.
Роботот што црта е поврзан со душекот, кој е прекриен со посебна мрежа која го мери движењето, топлината, притисокот и звукот што го создава гостинот додека спие. Роботската рака ги добива овие информации и во различни бои ги насликува на платно.
За сега роботите се поставени во хотелите во Берлин, Парис и Лондон, а првите 40 учесници во експериментот се одбрани преку Фејсбук страната на Ибис.