На локацијата луѓето од Гринпис, распослаа порака со џиновски букви на која пишува "Време за промени! Иднината е обновлива. Гринпис." Проблемот е што карпите во целиот тој предел се толку чувствителни што Перу не дозволува ниту претседатели или функционери во каква било посета на локалитетот да стапнат на местото каде што луѓето од Гринпис минаа неколку часа правејќи го знакот.
" Тие се апсолутно кршливи. Тоа се црни карпи на бела позадина. Стапнуваш и твојата стапка стотици или илјадници години ќе остане таму. А линијата која ја уништија е највидливата и најпрепознатливата од сите," изјавил за БиБиСи заменик министерот за култура на Перу, кој објаснува дека туристите локацијата најчесто ја гледаат само од воздух.
Пораката на Гринпис беше наменета за делегатите од 190 држави дојдени на самитот за климатските промени кој се одржува во Лима. Перу планира да поднесе кривични пријави против активистите на Гринпис, пред тие да ја напуштат државата.
Вчера Гринпис деновиве се извини за протестот што го одржал на историската локација, и ако таа ги навредила Перуанците. Тие изјавиле дека се подготвени да работат со властите на утврдување на направената штета.