Глобално се затоплуваме од памтивек

Слично на повеќето луѓе на кои никако да им се погоди времето (те им е преладно те претопло) и науката се пишмани околу тоа од што настанал универзумот. Најновата теорија тврди дека на почетокот било ѕивра.

Доминантното размислување вели дека целиот Универзум и сè што има во него настанале од една точка, според тн Бинг Бенг сингуларност (примордијални чорби и други концепти кои за нормален човек не вршат работа).

Е не, немало никаква прежешка каша туку имало преладна... што ти ја знам. Главно, ладно.

Носител на оваа теориска заврзлама е Кристоф Ветерих од Хајделберг и истата ја изведува од едно свое поранешно тврдење дека Универзумот не се шири како што сега се верува туку дека - се дебелее, затоа што се зголемува вкупната маса во него.

Да бидеме искрени, последново е прилично разбирливо ако си ја споредиме својата денешна тежина со онаа од нашите најдобри времиња.

А за самото ширење, Ветерих вели дека не се шири објектот (универзумот) кој го мериме, туку дека се намалува ленирот со кој тоа го правиме.

Шегаџија.

Ние само кратко да известевме. За деталите, читајте сами.

4 февруари 2014 - 10:22