Скривницата има површина од 93.000 метри квадратни (22 фудбалски терени) и е еден од најголемите подруми за квалитетно вино во Европа. Оригинално во 19-от век таму се ископуваат камења за градба на куќи. Кон крајот на 1930-те локацијата ја презема британското министерство за одбрана, а пред 25 години е претворена во најголемиот сеф за вино.
За потребите на чувањето вино температурата во него е околу 13 степени Целзиусови, а влажноста постојано е на 80%. Обезбедувањето е на ниво "ќе треба Единаесетмината на Оушн тип на акција за крадците да можат да извадат што и да е од тука."
Годинава персоналот со восхитеност гледал како им носат пакет вино Château Lafite од 1945-та. Инаку, низ магацинот (раштркани на различни места за да се намали ризикот) се околу 1.000 пакети или шишиња кои потекнуваат од 1775-та до 1800-та.
Моментално просечното време кое еден пакет го минува под земја изнесува околу 8 и пол години. Во 2011-та просекот беше 6 години.