Државата го објавува процентот на насилни или сексуални прекршоци извршени од мигранти како целина, но не оди понатаму, да направи распределба по вид на прекршок или националност.
Тоа оневозможува јавноста да разбере кои групи имигранти имаат поголема веројатност да извршат прекршоци како што се сексуален напад врз деца, силување или убиство, како што е предвидено во земји како Данска. Таквите сознанија би воделе кон поголем јавен притисок за попрецизно штимање на мигрантската политика.
Лани „Телеграф“ споредуваше податоци од пописот во 2021 година со евиденцијата на затвореници.
Кај британските државјани стапката на затвореници изнесува само 14 на 10.000 жители.
Највисока стапка имаат Албанците - 232,33 на 10.000 жители. По нив следуваат Косоварите (150), Виетнамците (148,88), Алжирците (124,41), Јамајканците (110,77), Еритрејците (110,7), Ирачаните (104,43) и Сомалијците (100,37).
Има дојденци и со пониска стапка од локалното население: Германците (4,68), Италијанците (4,96), Индијците (6,24), Грците (6,36), Американците (7,27), оние од Шри Ланка (8,17), Французите (8,64) и Кинезите (9,39).
Државата тврди дека има успеси во оваа област и дека од 2024 година депортирала речиси 12.000 лица кои сториле кривични дела.