Ган се отвора на Фејсбук посебно напнат од изјавата на неименуван извршен директор на холивудско студио за Дедлајн Холивуд, околу Дедпул:
"'Филмов има себе-омаловажувачки тон кој е бунтовнички. Ова никогаш претходно не е направено. Се исмева со Марвел. Тоа е бренд што себе се сфаќа премногу сериозно, можеш ли да ги замислиш како тие се исмеваат самите себе во филм? Па попрво би се забоделе со нож.'
Ова е цитат од Дедлајн Холивуд, што му е припишан на извршен директор на холивудско студио. Ги сакам Дедлајн и тие ми се извор за добар дел од вестите од бизнисов. А Дедпул го сакам уште повеќе - филмот е претерано смешен, има премногу срце и е баш она што сега ни треба, преземање вистински ризици во филмски спектакли - ама КОЈ КУР ВИ Е ЛУЃЕ. Ова не е причина да пишуваме нова историја. Оваа изјава е дадена од најглупиот холивудски директор во историјата на глупи холивудски директори.
Ајде за момент да ги игнорираме Чуварите, филм кој преживува од момент во момент градејќи се себе си и уништувајќи се - Господ знае колку сум субјективен околу него. Ама што ти мислиш дека Фавро и Дауни правеа во Ајрон Мен? Што беше Ент-Мен??!
Дај молим те, Дедлајн.
Откако некој филм ќе ги растури рекордите, луѓето во Холивуд сакаат да се расфрлаат со дефинитивни причини зошто тој филм бил хит. Ова го гледав како се случува со Чуварите. Или "не се плашеше да биде забавен" или "беше шаренолик и забавен" итн итн итн. И следно нешто што слушав е дека се започнуваат стотици филмски проекти 'налик Чуварите' и почнаа да се појавуваат десетици трејлери речиси исти како и трејлерот за Чуварите со голема поп песна и еден куп досетки.
Дедпул не беше таков. Дедпул е своја сопствена работа. НА ТОА реагираат луѓето. Ова е оригинал, и е проклето добар, направен е со љубов од филмаџиите, и не се плаши да ризикува.
За да драмското искуство да преживее, спектакл филмовите треба да ја прошират својата дефиниција колку можат повеќе. Тие треба да бидат уникатни и вистински гласови на филмаџиите зад нив. Тие не можат само да копираат тоа што излегло пред нив.
Па, во следниве неколку месеци, ако обрнете внимание на бизнисов, ќе видите како Холивуд погрешно ги сфаќа лекциите што треба да ги научат од Дедпул. Ќе се одобрува продукција на филмови "како Дедпул," - ама тоа нема да значи "добри или оригинални" туку "филмови со блуден суперхерој" или филм "што го руши четвртиот ѕид." Тие ќе те третираат како глуп, што е единствената работа која Дедпул не ја направи.
Се надеваме дека сред сето ова ќе има едно или две студија кои ќе ги научат правилните лекции - како што Фокс ги научи од Чуварите со одобрување на снимањето на Дедпул - и ќе кажат: 'Можеби може да им дадеме нешто кое до сега го немале.'
И тоа се луѓето кои ќе успеат.
Имајте убав ден."