Пред околу 10 години режисерот на Чувари на Галаксијата, пишува неколку твитови во кои се „шегува“ со работи како силување и педофилија. Твитовите деновиве повторно се актуелизираат и пред целата работа да стане уште понеподнослива за Дизни, компанијата решава да го отпушти авторот на мега-успешните Чувари на Галаксијата 1 и 2.
Откако Дедпул успешно ги растури сите рекорди на заработувачка за филм со "Р" рејтинг, прогнозата на Џејмс Ган, режисерот на Чувари на Галаксијата, e - само гледајте сега како ќе не затрупаат со копии.