Винаријата Стоби создаде бренд кој ја истакнува мудроста на живеењето и ги поврзува уживањето во убавите вина во прекрасната природа на комплексот. Stobilosophy е „тежнеење кон убав живот”, кој предизвукува радост на душата, преку задоволуванје на сите вкусови. Стоби креира вина кои со својот вкус ги задоволуваат високите критериуми на познавачите. Експлозија на чувства со голтка вино создава симбиоза со останатите елементи за да се постигне совршената состојба на Stobilosophy. Со прекрасните љубовни рефрени на Црвена јабука ќе се дополни уште еден сегмент кон целосно трасирање на патот кон уживањето Да го започнеме летото токму во недела, на 23 јуни во комплексот на винаријата, и со убава енергија да продолжиме низ летото.
Се што е потребно да направите за Вашето двочасовно концертно уживање, е да купите ваучер во купи карти за се https://kupikartizase.com/Events/stobilosophy_2019 со кој ќе добиете коњопој за максимум 6 лица со 2 вида на прекрасно црвено и бело вино, како и даска врни галички сирења и кашкавал за цена од 1200 денари. На располагање ќе биде и друга храна (скара, ладни и вегетаријански сендвичи), сокчиња и вода, кои ќе можат дополнително да се купат. Винаријата Стоби мисли и се грижи за сите оние кои бисакале да дојдат со своите дечиња, за нив ќе биде обезбедено детско катче со најразличен вид на забавни содржини, како и грижа и активности од аниматори.
Стоби за Вас обезбеди сенка под шаторот на винаријата, вината се разладени, мезето ќе чека подготвено, атмосферата ќе ни ја направат хитовите и рефрените на Црвена јабука, и летото со Stobilosophy веќе ќе може да започне.
Следете не на Facebook
(комерцијален текст)