Тимот на Шпаркасе Банка кој ќе биде предводен од маратонците Александар Смилков и Александар Димитровски, со секој истрчан километар ќе придонесат во собирањето на потребните парични средства за лекувањето на Јоце и Марга, а Смилков ќе и помогне на Марга да биде дел од екипата и таа да стигне на самата цел со својата инвалидска количка.
„За Шпаркасе Банка општествената одговорност не е само декларативна изјава во нејзината мисија и визија, туку таа и со своите дела ја покажува грижата, како за заедницата така и за поединците кои имаат потреба од помош. Оттаму произлезе и поддршката за оваа иницијатива на маратонците Александар Смилков и Александар Димитровски, кои во рамките на Скопскиот Маратон ќе го предводат нашиот тим од 30 учесници и преку својот спортски дух и хуман мотив ќе помогнат во собирањето на потребните парични средства за лекувањето на Марга и Јоце.
Шпаркасе Банка одлучи да издвојува одреден износ за секој истрчан километар на своите вработени, а за оваа намена таа отвори наменска сметка за донации што ќе се комуницира во јавноста и на која што сите хумани луѓе и институции во државата ќе можат да донираат. За нас „Трчаме за хуманост" е акција преку која ќе ја покажеме нашата солидарност, грижа кон заедницата и лицата кои се заболени од ретки или тешки болести, а воедно ќе придонесеме во популаризирање на спортската култура", изјави Елена Богданова, Директор на сектор за управување со корпоративни клиенти.
Идејата за помош со учество во трката, потекна од македонскиот маратонец и Гинисов рекордер, Александар Смилков, кој заедно со Александар Димитровски, за и во името на Марга и Јовица, ќе ја зголемуваат донацијата со секој километар од маратонската патека. „Учеството на оваа маратонска трка ги надминува нашите лични предизвици и овој пат мотивацијата доаѓа од искрено, хумано чувство. Шпаркасе Банка е првата компанија што ја поддржа идејата за трчање и донирање на секој изминат километар, што делува многу мотивирачки и поттикнува на истрајност и издржливост до целта, што е многу потребно во маратонското трчање. Им благодарам на Шпаркасе Банка и горд сум што заедно со Марга ќе трчаме во дресот на еден тим кој е што одлучен во намерата да помогне", изјави маратонецот Александар Смилков.
Покрај Смилков и Димитровски, кои ќе ја трчаат маратонската патека, Шпаркасе тимот ќе учествува во полумаратонската и во хуманитарната трка. Граѓаните, компаниите и сите хумани луѓе, својата донација за понатамошното лекување на Марга и Јовица може да ја уплатат на сметката 250-0000000001-11 со повик на број корист 2924000628 - со назнака „Хуманитарна донација за лекување на Јовица Блажевски и Марга Велеска", најдоцна до 31 мај, 2015 година.
(комерцијален текст)